Поранешната „ѕвезда“ на ЖРК Вардар, Андреа Лекиќ неодамна ја заврши блескавата ракометна кариера, а Лекиќ веќе доби нова улога со која ќе остане да биде дел од ракометниот спорт во татковината.
Имено, Ракометниот Сојуз на Србија денеска објави дека Лекиќ е именувана за нов генерален менаџер на сите женски селекции на нашиот северен сосед.
„Почнува една нова приказна во мојата кариера. И многу сум среќна што тоа ќе биде како дел од српскиот ракомет. Свесна сум за тежината и за одговорноста, но исто така и подготвена сум од првиот ден да работам максимално посветено. Целите што ги поставувам се исти како и секогаш кога бев играч – највисоки што може“, порача Андреа Лекиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

