Андреа Лекиќ долги години со успех го носеше дресот на Вардар, па иако последните неколку месеци е дел од ЧСМ Букурешт се уште се свежи спомените од настапите во црвено-црниот дрес.
„Јас сум емотивна личност и многу плачев по тој последен натпревар за Вардар. Тоа е за мене познато чувство бидејќи и во минатото сум заминувала со тешко срце од клубовите каде што сум играла, во Унгарија и во Словенија. Сепак, ми беше многу тешко и поради прекрасните клупски колешки, со кои функциониравме беспрекорно во дресот на Вардар“ – вели Андреа Лекиќ
Српската репрезентативка и во новиот клуб има иста цел пред себе, да се закити со европската круна, желба што не и се исполни во дресот на „вардарки“.
„Барав клуб во кој ќе можам лесно да се адаптирам, а да биде и со победничка атмосфера и максимални амбиции. Верувам дека го најдов тоа во ЧСМ, бидејќи исто како и Вардар и Букурешт сака да стигне до титулата, а тоа е најголема можна мотивација. Во ракометот е најважен тимот, ние имаме многу нови играчи и треба да работиме заедно за да ја оствариме таа цел“ – истакна Лекиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА