Поранешниот легендарен фудбалер Андреа Пирло прифати нов предизвик во тренерската кариера и во новата сезона ќе седне на клупата на Дубаи Јунајтед, клуб кој се натпреварува во втората лига во Обидинетите арапски емирати.
Клубот кој е оформен во 2022 година со големи амбиции за иднината ќе биде четврти предизвик во тренерската кариера на Италијанецот кој во минатото беше дел и од Јувентус, Карагумруку и Сампдорија.
„Вистинска легенда го превзема тимот. Горди сме што можеме да објавиме дека Андреа Пирло е нов тренер на Јунајтед. Со неговата визија, страст и победнички менталитет започнува ново поглавие. Добредојде во Дубаи господине Пиро“, стои во објавата на Дубаи Јунајтед.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

