Андреа Пирло, нов тренер на Партизан?!

Поранешниот италијански фудбалски генијалец Андреа Пирло е прв „пик“ на управата на Партизан, која е во потрага по нов тренер по заминувањето на Александар Станојевиќ. Оваа информација ексклузивно ја објави „Спорт Клуб“, тврдејќи дека белградскиот клуб му понудил на Пирло двогодишен договор со одлични услови, плата од 1,5 милиони евра по сезона, плус богати бонуси за секој освоен трофеј.

Екс-тренерот на Јувентус деновиве е на мини-турнеа низ поранешна Југославија, каде промовира италијански тренинг-кампови за талентирани деца од регионот. Раководството на Партизан го искористи ова за да стапи во контакт со екс-фудбалерот на Милан и Јувентус, кој засега ниту ја прифатил, ниту пак ја отфрлил добиената понуда.

Не е тајна дека Пирло сака нов тренерски ангажман во Италија, но проблем е што по неславната епизода во Јувентус тој не добива сериозни понуди во татковината. Во една таква ситуација, лесно може да се случи Пирло летово да избере странска тренерска авантура, токму на чело на Партизан.

Се вчитува...