Доскорешниот тренер на Јувентус, Андреа Пирло е прв кандидат за преземање на Евертон, пренесуваат англиските медиуми. Пирло е прв фаворит на долгата листа на тренери кои треба да го заменат Карло Анчелоти кој потпиша договор со Реал Мадрид.
Пирло се наведува како прв фаворит за преземање на тимот од Ливерпул бидејќи од клубот сакаат на чело да имаат тренер кој се уште не водел ниту еден тим од Премиер-лигата. Пирло не се снајде баш најдобро на клупата на Јувентус, на која и покрај тоа што ја освои титулата во Копа Италија, по девет години „старата дама“ ја загуби титулата во Серија А.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА