Андреа Пирло седнува на клупата на Бенфика?

Италијанската легенда Андреа Пирло добил понуда од португалскиот великан Бенфика за да седне на клупата на „орлите“ и да го наследи Жорге Жесус кој е пред отказ поради слабите настапи и резултати во португалската лига досега.

Бенфика е третопласирана со четири бода зад Порто и Спортинг Лисабон, а за разлика од своите најголеми ривали кои немаат пораз во досегашниот дел од сезоната, „орлите“ веќе запишаа два, па раководството на лисабонскиот клуб веќе го исконтактирале „фудбалскиот Моцарт“.

На Жесус сериозно му се тресе столчето, а новиот претседател на Бенфика, Руи Коста, екс-соиграч на Пирло го побарал и му понудил работа во следниот период, но останува да се види дали Италијанецот ќе прифати. Моментно Пирло е без работа, откако кратко му траеше авантурата како тренер на Јувентус, а во последниов период со низа клубови се поврзуваше како можен кормиалр, но ниту една најава не се оствари.,

Се вчитува...