Андреас Трајковски го „крши мразот“ на ЕП во атлетика: Гордо ќе ја претставувам Македонија!

Еден од најдобрите македонски атлетичари, Андреас Трајковски денеска прв од Македонците настапува на Европското првенство 2024, кое стартува во Рим, Италија.

За Трајковски ова ќе биде прво учество на Европско првенство за сениори, каде пристигна по одличните резултати сезонава во скок во далечина.

„Ќе дадам се од себе гордо да ја претставам Македонија“ – вели Андреас пред денешниот свој настап на ЕП.

Трајковски го очекува настап во квалификациите во скок во далечина на Олимпискиот стадион во Рим. Тој е дел од квалификациската група Б која своите натпревари треба да ги започне од 13 часот.

Се вчитува...