Андреас Трајковски го освои третото место на митинг во Сестриере

Еден од најдобрите македонски атлетичари, Андреас Трајковски со скок од 7.87 метри го освои третото место на меѓународниот атлетски митинг во Сестриере (Италија) во скок во далечина.

Андреас до овој скок кој му го обезбеди трето место дојде во последната серија, но со недозволен ветар од +3.8 м/с.

Првото место му припадна на Кристијан Пули од Финска со скок од 8.06 метри (+0.6), додека второпласиран беше Мариус Вадеикис од Литванија со скок од исто така 8.06 (+3.9) но послаба серија на скокови од Кристијан.

Се вчитува...