Андреас Трајковски, во скок во далечина, ќе ја претставува Македонија на претстојното Европско првенство во атлетика во сала кое од 6. до 9. март ќе се одржи во Апелдом, Холандија).
Андреас својот пласман го обезбеди како најдобар македонски атлетичар во сала за оваа сезона, за што Европската Атлетска федерација му додели универзално место, информираат од АК Работнички.
Ова ќе биде негов прв настап на едно Европско првенство во сала. Минатата година Андреас настапи на Европското првенство на отворено во Рим, Италија, каде обезбеди пласман преку ранг листата на Европската атлетска федерација.
Андреас на ЕП ќе настапи на 6. март во 20:30 часот кога на програмата се квалификациите во скок во далечина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА