Еден од најдобрите македонски атлетичари Андреас Трајковски ќе биде дел од атлетскиот митинг „Борис Ханжекович Меморијал“ кој ќе се одржи на 8 септември во Загреб.
Овој митинг е дел од серијата Златни митинзи под капата на Светската Атлетика, и на него ќе настапи и освојувачот на бронзениот медал од Светското првенство во Будимпешта, Таџаи Гејл од Јамајка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА