Еден од најдобрите македонски атлетичари Андреас Трајковски освои бронза во скок во далечина на Балканијадата која што се одржува во Волос.
Во силна конкуренција, тој успеа да оствари скок од 7,77 метри во последната серија, што беше доволно за третото место.
Првото место го освои домашниот атлетичар и еден од најдобрите скокачи во далечина на денешницата Милтиадис Тентоглу, со скок од 8,07 метри, додека среброто замина кај бугарскиот натпреварувач Божидар Сарабујуков кој скокна 7,90 метри.
„Пресреќен сум што го донесов овој медал за Македонија. Ветерот создаваше навистина тешки услови за сите натпреварувачи, па затоа сум задоволен од скокот од 7,77 метри, особено во дуел со Милтос Тентоглу. Со подобри услови, можев да стигнам и до 8 метри“, изјави Трајковски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

