Андреас Трајковски со најдолг скок во далечина на Европското екипно првенство (ВИДЕО)

Македонскиот атлетичар Андреас Трајковски е победник во скок во далечина на Европското екипно првенство во атлетика – 3. дивизија, кое се одржува во Марибор, Словенија.

Првата работст на Македoнија и ја донесе Трајковски кој скокна 7,83 метри, што беше резултат подобар за четири сантиметри од второпласираниот Инги Егилсон од Исланд.

Трајковски најдобриот скок го имаше во петтата серија, кога успеа да го победи Егилсон, кој до тогаш беше на првата позиција. Скокот на Трајковски може да го видите на следниот ЛИНК. 

Сега Македонија ќе ја претставува Дарио Ивановски, кој ќе трча во дисциплината 5.000 метри.

Македонската репрезентација има 80 бодови и се наоѓа на 10. место во генерален пласман.

 

Се вчитува...