Андреј Јакимовски и официјално преставен во Тренто

Еден од најдобрите македонски кошаркари, Андреј Јакимовски денеска и официјално беше преставен за нов играч на италијанскиот Тренто.

Македонскиот кошаркар потпиша двегодишен договор со клубот кој е актуелен шампион во Италијанскиот куп.

Јакимовски ги мина последните пет сезони во НЦАА-лигата, беше јасно дека тој ќе се врати назад во европската кошарка, а од неколкуте понуди на маса ја избра онаа на Тренто, тим со кој ќе се натпреварува и во Еврокупот.

Тој своето деби за новиот клуб ќе го има во полуфиналето на италијанскиот Суперкуп против Бреша, меч што е закажан за 27. септември.

Се вчитува...