Стоперот на Работнички Андреј Кировски, на вчерашниот натпревар со Тиквеш мораше да излезе уште во 8. минута. Откако незгодно падна, дефанзивецот на „романтичарите“ го измести рамото, и веднаш беше пренесен на скопската клиника за дополнителни прегледи, кои покажаа дека нема скршеница, туку само изместување на рамото.
Во секој случај, Кировски ќе мора да паузира најмалку три недели, а можеби ќе го нема до крајот на сезоната.
„Снимките покажаа дека немам скршеница, туку дека само ми е изместено рамото. Ќе морам да паузирам, не знам до кога. Се надевам дека побрзо ќе се вратам, но во сево ова е добро што немам скршеница“, ни изјави Кировски.
Работнички го доби дуелот со Тиквеш со 1-0, благодарение на голот на Методи Максимов во 29. минута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

