Голем број семејства и пријатели утрово трагаат и по голем број лица кои биле присутни во дискотеката „Пулс“ во Кочани во која синоќа во огромна трагедија загинаа повеќе од 50 млади лица.
Присутен на музичкиот настан во дискотеката во Штип бил и младиот фудбалер на Шкупи, Андреј Лазаров. Од семејството и пријателите на Лазаров преку социјалните мрежи претходно повикаа на било каква информација за Лазаров.
За огромна среќа, набрзо и до нашата редакција од негови пријатели стигна веста дека Андреј Лазаров е добро и е згрижен во болницата во Штип, со благодарност за брзите информации за негово лоцирање.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА