Андреј Лазаров не е повеќе играч на Горица

Поранешниот млад македонски репрезентативец Андреј Лазаров не ги оправда очекувањата во Горица и договорот беше раскинат со заедничка согласност.

Лазаров во хрватскиот фудбал дојде минатото лето кога од Тиквеш се пресели во Рудеш, таму одигра солидно и во лошата полусезона на Рудеш беше меѓу најдобрите.

Горица ги забележа неговите игри и го доведе на крајот на јануари годинава, но Лазаров не ги оправда очекувањта, по што клубот се одлучи да го раскине договорот.

Се вчитува...