Андреј Магдевски го засили Гостивар: Пресудија најдобрите услови

Македонскиот репрезентативец Андреј Магдевски, официјално е новото засилување на Гостивар. 21-годишниот кошаркар по 18 месеци го напушти тимот на Фени индустри, кој се наоѓа во финансиски проблеми, што е главна причина за заминувањето на плејмејкерот. Гостиварци добиваат поддршка за нивниот прв организатор на игра, Јурај Сегaриќ кој игра речиси 40 минути на секој натпревар, па вакво освежување на позицијата плејмејкер добро ќе му дојде на тренерот Србиновски пред стартот на вториот дел од сезоната.

„Одлучив да ја продолжам кариерата во клуб каде ќе можам да напредувам, како и да имам слобода во мојата игра. Гостивар ми го овозможи тоа и се истакна како најдобра опција, мило ми е што ќе бидам дел од овој проект. Моите први забелешки се дека Гостивар има составено добар тим, доста конкурентен и може да се надигрува со секого. Драго ми е што имаат голема поддршка од трибините, убаво е чуството да се игра пред полна сала. Засега тимот се наоѓа во добра позиција во првенството, се надевам дека и натаму ќе напредуваме. На мојата позиција игра Сегериќ кој е главна фигура во тимот, сметам дека со него ќе имам одлична соработка на теренот“, изјави Магдевски за ЕКИПА.

Во првиот дел од сезоната Магдевски постигнуваше 18.6 поени по натпревар, со 5.7 асистенции по средба се истакна како трет најдобар асистент во првенството, додека е најдобар по учинокот на украдени топки, бележи 2.8 по натпревар.

Се вчитува...