Македонскиот репрезентативец Андреј Магдевски повторно се враќа во редовите на МЗТ Скопје за следната сезона, дознава ЕКИПА.
28-годишниот Магдевски по настапите за Пелистер минатата сезона сега се враќа во редовите на МЗТ Скопје каде настапуваше во периодот од 2018 до 2022 година.
Од МЗТ Скопје, соочувајќи со со ФИБА забраната за трансфери, ја користат единствената можност за ангажман на македонски кошаркари од домашното првенство, поради што е и договорот со Магдевски кој треба да го засили тимот на плејмејкерската позиција.
Магдевски во својата кариера досега настапуваше и за белградски Партизан и ОКК Београд во српското првенство, романскиот Плоешти, холандски Гронинген како и домашните Фени Индустри и Гостивар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА