Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Андреј Маркудов по двегодишна пауза се враќа на ракометните терени и во новата сезона ќе биде дел од Вардар Неготино кој претендира за висок пласман во Првата лига.
Маркудов кој кариерата ја започна во Металург во Неготино носи богато искуство со бројни настапи во сениорската конкуренција настапувајќи и за Пелистер, Бутел и Аеродром, каде што воедно беше и капитен на тимот.
Неготинскиот тим кој во новата сезона ќе биде предводен од легендата на македонскиот ракомет Пепи Манасков летото го искористи за ангажирање и на Христи Бикоски, Мице Шилегов, Иван Митревски, голманот Никола Стојкоски, Ѓорѓи Орешков, а го задржи и капитенот Драган Кузманов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

