Андреј Маслинко, МВП на Купот на Македонија за 2025 година

МЗТ Скопје го освои вкупно 13-тиот, а трет во низа Куп „Благоја Георгиевски – Буштур“ откако на овогодинешното издание одржано во Гевгелија на доминантен начин славеше над Работнички, Пелистер и Кожув во самото финале.

За најкорисен играч на турнирот беше одбран Андреј Маслинко, 27-годишниот крилен центар кој одигра одлични три натпревари, а го предводеше својот тим и во финалето со 17 поени и 80 отсотна реализација во обидите за два поени (8/10). Згора на тоа додаде и еден скок и две асистенции за фаворизација 15.

За Малинко тоа е првиот МВП трофеј во сениорска конкуренција. Со него влезе во легендарно друштво кога станува збор за Куп натпреварувањето во кое се уште и: Владко Владичевски, Тони Симиќ, Горан Димитријевиќ, Мирза Куртовиќ, Ѓорѓи Књазев, Будимир Јоловиќ, Тодор Гечевски, Ѓорѓи Чековски, Диме Тасовски, Огнен Стојановски, Карлос Морбан, Горан Самарџиев, Ефтим Богоев, Перо Блажевски, Дамјан Стојановски, Алекандар Костовски, Марко Луковиќ, Доминик Мавра, Чавдар Костов, Амир Смит, Војан Стојановски и Дамјан Робев.

Се вчитува...