Младинскиот репрезентативец на Македонија, Андреј Петковски, е нов член на Тинекс Пролет откако денеска го потпиша договорот со третопласираниот тим од ланската сезона во мак-ракометот. Петковски имаше уште една година од актуелниот договор со Голден Арт, но раководствата на двата клуба ги договорија условите од трансферот, по што чуварот на мрежата се пресели во редовите на Пролет.
Петковски важи за еден од најперспективните млади голмани во Македонија, тој неодамна беше и дел од Б-репрезентацијата која одигра две контролни средби против селекцијата на Србија. Зад себе има одлична сезона во дресот на Голден Арт, што заедно со неговата младост и желбата за напредок беше доволна причина за трансфер во Тинекс Пролет, каде се очекува да има значајна улога во тимот по заминувањето на Петар Ангелов.
Андреј Петковски е првото од неколкуте предвидени засилувања за наредната сезона, откако во изминатиот период беа потпишани нови договори со Ласко Андоновски, Дејан Пецаковски и со Давор Палевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА