Aндреј Рубљов лесно до второто коло на Вимблдон

Рускиот тенисер Андреј Рубљов се пласираше во второто коло на Вимблдон славејќи на стартот против Австралиецот, Макс Пурсел.

Седмиот носител без никакви проблеми славеше во три сета со 6-3, 7-5 и 6-4.

Моментот кога го прекрши мечот беше во вториот сет во кој губеше со 2-5, но успеа да се врати и да ги освои следните пет гема за предност од 2-0 во сетови. Потоа третиот сет беше значително полесен за него, за конечна победа.

Се вчитува...