Пливачот Андреј Стојановски е меѓу добитниците на наградата „13 Ноември“ што ја доделува градот Скопје објави денеска комисијата која ги одредуваше лауреатите. Според комисијата, Стојановски остварил врвни спортски резултати во пливачкиот спорт во категоријата лица со посебни потреби.
Стојановски е член на пливачкиот клуб Бета и континуирано постигнува одлични резултати на пливачките тунрири и големи натпреварувања за лица со оштетен слух. Годинава тој имаше две четврти места на Европското првенство за глуви кое се одржа во полскиот Лублин.
Наградата „13 Ноември“ на Град Скопје се доделува како знак на признание на Градот Скопје за остварувања во стопанството, науката, уметноста, културата, воспитанието и образованието, здравствената и социјалната заштита, спортот и физичка култура, техничката култура, заштитата и унапредувањето на животната средина и природата, како и во други сегменти на животот, трудот и творештвото, што претставуваат посебен придонес за развојот на градот Скопје и за неговиот севкупен напредок и афирмација во Република Македонија и во светот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА