Македонскиот пливач Андреј Стојановски заврши на последното 40. место во квалификациите на трката на 200 метри градно на Светското првенство во пливање кое се одржува во главниот град на Унгарија, Будимпешта.
Стојановски делницата од 200 метри ја исплива за време од 2:26.11 минути што беше за секунда и 33 стотинки од неговото најдобро време.
Првото место во квалификациите му припадна на светскиот рекордер, Австралиецот, Зек Стублети-Кук кој трката ја заврши за време од 2:09.09 минути.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА