Мкаедонскиот фудбалски репрезентативец Андреј Стојчевски останува во Словачко тим во кој минатата сезона ја помина како позајмен играч.
Чешкиот клуб ја активира опцијата за откуп и официјално го откупи договорот на македонскиот репрезентативец од Жилина.
Стојчевски пристигна во Словачко во јануари како позајмен играч на шест месеци, но со одличните партии како во тимот така и во репрезентацијата успеа да добие нов договор до 2028 година.
Тој претходно ги носеше дресовите на Брера и на Вардар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

