Андреј Стојчевски со првиот гол сезонава донесе триумф за Жилина

Младинскиот репрезентативец на Македонија, Андреј Стојчевски одигра одличен натпревар во победата на Жилина од 0-2 на гостински терен против Спартак Трнава во 6. коло од словачкиот шампионат.

Стојчевски го постигна својот прв гол за Жилина сезонава во најсилната лига на Словачка.

Македонскиот фудбалер погоди во 59. минута за водство од 0-1 на својот тим, а Адо во 62. минута заокружи на 0-2.

Жилина по шест рунди натпревари е на врвот од табелата со пет победи и само еден пораз досега.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...