Андреј Тодороски се најде во идеалниот тим на 25. коло во Српската лига

Македонскиот фудбалски интернационалец, Андреј Тодороски се најде во идеалниот тим на 25. коло во Српската прва лига во изборот на „Спортклуб“.

Македонскиот интернационалец имаше нова неверојатна партија за неговата ТСЦ Бачка Топола во победата над Чукарички од 2-1. Тодороски беше повторно еден од најдобрите играчи на својот тим на теренот, а одличната партија ја круниса со погодок во 31. минута.

 

Се вчитува...