Македонскиот интернационалец Андреј Тодороски продолжува со извонредните игри во дресот на српскиот суперлигаш Спартак Суботица.
25-годишниот Тодороски беше двоен стрелец во победата од 2-0 на Спартак против ИМТ во 8. коло од Суперлигата на Србија.
Тодороски погоди во 15. минута за водство на својот тим а потоа стрелаше и во 57. минута постигнувајќи одличен погодок со шут од 18 метри за конечни 2-0. Македонскиот фудбалер, кој игра на крилните позиции во средниот ред, досега има веќе четири гола во седум натпревари за Спартак Суботица сезонава во српскиот шампионат.
Андреј Тодороски, кој е роден во Прилеп, фудбалските почетоци ги има во австриски Рапид Виена. Потоа минувајќи ги сите младински категории на тимот, продолжува во сениорските води во редовите на ФАЦ и Виенер во австриското првенство од каде во 2021 година се сели во Спартак Суботица.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА