Андреј Тодороски со нов гол донесе победа на ТСЦ Бачка Топола

Македонскиот интернационалец во дресот на ТСЦ Бачка Топола, Андреј Тодороски постигна уште еден гол во српскиот шампионат, за победа на својот тим над Раднички Крагујевац со 1-3.

Тодороски го постигна вториот гол на мечот во 55. минута од средбата, а беше заменет во 62. минута од средбата.

За македонскиот фудбалер ова беше осми гол во српскиот шампионат. Тој во првиот дел од сезоната играше во Спартак Суботица, а за тимот на ТСЦ го постигна вториот гол по неговиот трансфер зимава.

Се вчитува...