Андреј Тодороски со супер-гол за Спартак Суботица на асистенција на Тошески

Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Андреј Тодороски е стрелец за Спартак Суботица која на полувремето од 12. коло во Суперлигата на Србија има предност од 0-1 на гостувањето против Раднички Ниш.

Македонски гол го одбележа првото полувреме во Ниш, откако 24-годишниот фудбалер од средниот ред Тодороски погоди навистина убаво во 7. минута за водство на Спартак, а на асистенција на поранешниот фудбалер на Работнички, 25-годишниот Милош Тошески.

Ова е втор гол сезонава за Андреј Тодороски откако стрелаше и во победата од 0-2 на гостувањето против ТСЦ Бачка Топола на почетокот од месецов.

Тодороски потекнува од младинската школа на Рапид Виена, потоа играше и за Виена и Винер ФЦ во австриските шампионати, за да од 2021 година е член на Спартак Суботица. Има настапи за селекциите до 19 и до 21 година на Македонија.

Спартак Суботица сезонава игра повеќе од квалитетно во најсилната српска лига опстојувајќи во водечката четворка на врвот по првите 12 рунди од шампионатот.

Се вчитува...