Андреј Тодороски стрелец за ТСЦ во контролен натпревар

Македонскиот фудбалски интернационалец Андреј Тодороски продолжува со одличните партии во дресот на неговата ТСЦ Бачка Топола и на стартот на новата сезона.

На подготовките на неговиот тим пресрет новата сезона во српскиот шампионат, Македонецот повторно е еден од најдобрите фудбалери.

Тодороски го постигна единствениот погодок за неговиот тим во денешното реми 1-1 против Дац.

Се вчитува...