Македонскиот прволигаш Силекс се раздели со голманот Андреја Ефремов. По завршувањето на есенскиот дел од шампионатот, раководството на клубот и чуварот на мрежата се согласија на спогодбен раскин на договорот.
Ефремов бранеше на стартот од сезоната, но потоа Даниел Божиновски го зазеде местото меѓу диреците. Силекс го заокружи првиот дел од сезоната на одличната четврта позиција со 27 бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА