Андриан Бронер е недораснат за Мани Пакиао, Филипинецот ја задржа светската титула

Филипинскиот боксер, Мани Пакиао ја задржа светска ВБА титла во велтер категорија откако со едногласна одлука на судиите, на поени победи во борбата со предизвикувачот, Адриен Бронер.

За Пакиао ова беше 70. борба во кариерата, а прва како четириесетгодишник. Тој беше доминантен во пресметката со 11 години полмадиот противник, речиси го нокаутираше во 9-та и во 11-та рунда и ја забележа 61. победа во карерата.

По триумфот, Пакиао го повика Флојд Мејведер на борба, а Американецот кој беше во публиката не одговори на предизвикот.

Се вчитува...