Андушиќ ја откри тајната на Дубаи и зошто сите сакааат да го засилат новиот евролигаш

Данило Андушиќ, српскиот репрезентативец ќе ја игра и втората сезона во кариерата во Дубаи, новофомираниот тим со големи амбиции кој покрај во АБА лигата следната сезона ќе се натпреварува и во Евролигата.

Андушиќ добива репрезентативно друштво во Дубаи по потписите на Аврамовиќ и Петрушев, а балканската колонија ова лето ја зголемија и Џанан Муса и Кенан Камењаш.

Србинот во интервју за „Мондо“ откри која е причината поради која се повеќе кошаркари го бираат Дубаи за дестинација.

„Имаме услови кои се слични на тие во НБА. Дубаи е еден од тимовите каде имав најдобри услови во текот на кариерата, а имав многу тимови до сега. Се трудат да им олеснат на играчите максимално, да немаш никаков изговор на теренот да го дадеш најдоброто од себе. Сите долги летови беа чартери, неколку пати патувавме и со авионот „ројал фемили“, што значи дека и обврска ни е да пружиме добри натпревари. Сите работат да е се на врвно ниво и сите се уверија во тоа. Резултатот ни е битен, но имаме и пропратни работи како НБА што ни го подигнуваат нивото“, изјави Андушиќ.

Се вчитува...