Јувентус доби нова шлаканица сезонава, овојпат на гостувањето од Лигата на Шампионите против Макаби Хаифа, но ниту ова фијаско нема да донесе тренерска смена во најтрофејниот италијански клуб.
Медиумите на Апенинскиот полуостров најавија дека Масимилијано Алегри нема да го „преживее“ овој најнов дебакл, но веднаш се јави претседателот Андреа Ањели, кој јавно му искажа поддршка на трофејниот стручњак.
„Масимилијано Алегри е наш тренер, тој ќе остане на клупата. По еден ваков меч и пораз се чувствувам засрамен и бесен. Сепак, не може само еден човек да е проблемот за ваква ситуација. Проблемот е во целата група и затоа не може само тренерот да ја плати цената“, изјави Ањели за „Скај Спорт“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА