Екс претседателот на Јувентус, Андреа Ањели изјави дека Суперлигата му е неопходна на европскиот фудбал. Тој смета дека со сегашниот систем јазот меѓу клубовите само ќе се зголемува и дека мора да се примени ова натпреварување.
Ањели вели дека во фудбалот мора да има повеќе спортска демократија и дека како што сега стојат работите, јазот на англиските и на шпанските клубови само ќе расте.
„Неопходно е за фудбалот да ја има Суперлигата која ќе донесе еднакви услови за клубовите. Треба да размислуваме за 60-80 клубови во Европа. Со моето 13-годишно искуство во фудбалот, собрав идеи и реков дека е време за пофер лиги. Во Европа најголемите добиваат и најмногу места во ЛШ, а со тоа и најголеми приходи. Тоа значи дека со сегашниот систем, јазот на англиските и на шпанските клубови само ќе се зголемува. Можеби со исклучок на ПСЖ и на Баерн Минхен.“, рече Ањели.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

