Директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски оствари работна средба со челните луѓе од Факултетот за безбедност, Продекан доц. д-р Марјан Ѓуровски и доц. д-р Јонче Ивановски, информираат од АМС. Целта на разговорот беше договарање на соработка на факултетот со Агенцијата за млади и спорт, која ќе биде насочена кон зголемување на безбедноста во спортот, особено кај младите преку едукација, создавање професионален кадар, спроведување на истражувања од областа на безбедноста, како и развој и реализација на заеднички проекти.
Планирани се седум столбови на соработка:
– Вклучување на Факултет за безбедност – Скопје во обуката и едукацијата во делот на безбедноста во спортот.
– Истражувања за причините и последиците од заканите и насилството кај младите и спортските натпревари.
– Официјална советодавна форма на Факултет за безбедност за Агенцијата за млади и спорт.
– Дијалог и дебата (конференции, месечни дебати, трибини) за младите и спортот.
– Студиска програма и модули за спортските работници, здруженија и навивачки групи, заедно со МВР за безбедноста во спортот и младите.
– Зајакнување на концептот на приватната безбедност со поддршка на МВР во обезбедување на спортските натпревари.
– Поддршка од Агенцијата за млади спорт во обезбедување на спортски реквизити и опрема.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА