Ангел Петрушев – Нов oлимписки стипендист на МОК

По освоеното 6-то место на Европското првенство во кајак (диви води), Ангел Петрушев денес беше примен од страна на претседателот на МОК, Даниел Димевски кој му го честиташе овој извонреден успех на најдобриот македонски кајакар во последните години.

На оваа средба беше договорено Ангел Петрушев да биде стипендист на МОК, во периодот 2024-2028 и да биде дел од Олимписките планови и програми на МОК за периодот 2024-2032.

Претседателот на Кајакарската федерација на Македонија, Дрилон Леши се заблагодари за сета досегашна поддршка на МОК во однос на кајакот, спорт кој е подржуван од страна на МОК од самото постоење на КФМ.

Заклучок на сите е дека пред Ангел доаѓа време во кое тој ќе покаже и докаже дека македонскиот кајак е во самиот Европски и светски врв и дека во нашите заеднички планови тој секако се наоѓа заслужено, знаејќи дека неговото најдобро допрва претстои.

Се вчитува...