Ангелче Тимовски се врати во екипата на Силекс. Досегашниот фудбалер на Гостивар во иднина ќе го носи дресот на кратовскиот тим.
Тимовски после три години се враќа на својата „прва љубов“, откако во 2021 година го напушти кратовскиот тим и замина во Шкендија. Поптоа играше и во Шкупи, па во Гостивар. Беше дел и од Победа.
Тимовски со Силекс има освоено еден Куп на Македонија. Тој е второто засилување за Силекс после Ален Јашароски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА