Младинскиот репрезентативец на Македонија, Виктор Ангелов беше стрелец за Ујпешт во 23. коло од шампоонатот на Унгарија во ремито на неговиот тим од 1-1 против Хонвед.
Ангелов, кој во игра влезе во 81. минута од средбата, го спаси Ујпешт од пораз стрелајќи во 91. минута од средбата. Претходно, Хонвед дојде до водство со голот на Зотер во 27. минута.
Ова е прв гол сезонава за Ангелов во дресот на Ујпешт во кој одигра досега 12 натпревари. Во домашниот тим го немаше Енис Барди кој паузира поради повреда.
Ујпешт е на 6. место на табелата со 31 бод, додека Хонвед е второпласиран со 40 бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА