Ангелов „раскина“ со Чернихив и се враќа во Работнички

После шест месеци минати во Украина и одиграни само неколку скромни натпревари, играчот од последната линија на средниот ред и младински репрезентативец Матеј Ангелов, се враќа во Работнички.

Ангелов мина пет години во таборот на „романтичарите“ откако беше дел и од младинските категории и од сениорскиот тим, а во јули минатата година замина во Черкаси во Украина. Меѓутоа во украинската Премиерлига одигра само еден натпревар, и сега си замина од клубот.

Работнички во него добива квалитетно засилување во битката за титулата во пролетниот дел од сезоната.

Се вчитува...