Селекторот на македонската репрезентација Игор Ангеловски искажа генерално задоволство од првиот пријателски натпревар во подготовките за ЕВРО 2020 кој сосема ја исполна својата цел.
„Најнапред сакам да се заблагодарам на навивачите кои дојдоа во посакуван број и благодарам на поддршката која максимално ни ја даваа. Единствено што жалам е што не победивме. Доминиравме во втоторо полувреме и мораше да победиме. Ова е подготвителна фаза и кога се ќе се собере целта за овој натпревар е постигната“ – истакна Ангеловски на прес-конференцијата по средбата, притоа дополнувајќи:
„По онаа победа со Германија ова е прв натпревар што го играме… Во првото имавме тежина во нозете и малку се баравме, но во второто полувреме одигравме одлично. За три дена имаме уше еден натпревар и ќе бидеме потполно подготвени за првиот меч на европското првенство“.
Околу исполнетоста на очекувањата од првиот тест дуел.
„Австрија и Словенија играат иста формација и затоа ги одбравме. Им благодарам на Словенците што прифатија да играат со нас. До првиот меч со Австрија има време и мислам дека пропустите до тогаш ќе бидат исправени бидејќи немаме право на грешка. Сега не чека меч со Казахстан на кој ќе имаме можност да пробаме и со други фудбалери. Има доволно време да се освежиме до мечот со Австрија и ќе бидеме максимално подготвени за првиот натпревар на ЕВРО 2020“ – истакна Ангеловски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА