Ангеловски: Чувствувам дека наскоро ќе се радуваме на прва победа во ЛШ

Еурофарм Пелистер претрпе уште еден пораз во Лигата на Шампионите, овој дефинитивно најболен ако се знае дека македонскиот првак загуби од Пик Сегед со минимални 27-28. Битолчани одлично се бореа, но на крајот загубија со гол примен на пет секунди до крајот.

Тренерот Бранислав Ангеловски по мечот вели дека верува дека Еурофарм Пелистер наскоро ќе стигне до прва победа во Лигата на шампионите.

„Сакам да им се заблагодарам на играчите кои веруваат во тоа што го работиме на тренинг. Веруваат дека сме близу до победа и за краток рок ќе дојдеме до неа. Победата ја заслужуваат сите, првенствено навачите и сите битолчани кои се осми играч. Мора да останеме мирни и фокусирани за да бидеме сплотени. Во ЛШ има силни ривали, ние треба да го билдаме своето име и да направиме респектабилна екипа за годините кои следат. Сметам дека имаме иднина, со добра работа и овие натпревари може да ни дадат за право дека во иднина ќе бидеме уште подобри“, рече Ангеловски.

Се вчитува...