ЕКИПА во Летонија,
Никола Ѓуровски
Фудбалската репрезентација на Македонија е пред нов предизвик, можеби и најголем досега, со оглед дека сите очекуваат сигурна победа против Летонија во Рига. Но, тоа ќе треба да се одработи на теренот, свесен е селекторот Игор Ангеловски, кој верува дека фудбалерите се максимално подготвени и дека можат да ја остварат целта.
„Би сакал на сите Македонци да им го честитам националниот празник 8 Септември, а се надевам дека фудбалерите на утрешниот меч ќе го сторат тоа со добра игра и победа. Верувам во нивниот квалитет, се надевам дека ќе бидеме на потребното ниво и дека ќе оствариме триумф. Со осум бода, на четири кола до крајот, Македонија за првпат би била во егал завршница со надеж за пласман на ЕП преку групата. Ќе биде тоа дополнување по изборениот бараж во Лигата на нации. Го знаеме квалитетот на Летонците, ги респектираме, меѓутоа и веруваме во нашите можности“, изјави селекторот Игор Ангеловски на прес – конференцијата пред утрешниот квалификациски меч со Летонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

