Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин денеска му врачи признание за особен придонес во спортот за 2020 година на селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски.
Од Општина Аеродром истакнаа дека сето тоа е само оддавање почит за успесите на Ангеловски со македонската фудбалска селекција изминатата година.
„Особена чест и задоволство ми претставува наградата што денес ја добив од мојата општина на живеење. И благодарам на Општина Аеродром“ – истакна и селекторот Ангеловски по добивањето на признанието.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

