Селекторот на македонската репрезентација Игор Ангеловски го соопшти списокот на фудбалери за квалификацискиот натпревар против Лихтенштајн кој не очекува на 24. март во Вадуц.
Без посериозни промени во составот, Ангеловски ќе атакува на трите бода од пресметката со Лихтенштајн во квалификациите за СП 2018. За првпат повик од Ангеловски добива офанзивецот на хрватски Осијек, Музафер Ејупи, а враќање во националниот тим има и за Иван Тричковски кој игра во одлична форма.
За Лихтенштајн отпаднаа Енис Барди и Стефан Спировски поради повреди, а поради жолти картони право за настап нема Езгијан Алиоски кој е повикан за пријателскиот натпревар со Белорусија кој три дена подоцна го играме во Скопје.
СПИСОКОТ НА МАКЕДОНИЈА ЗА КВАЛИФИКАЦИСКИОТ НАТПРЕВАР СО ЛИХТЕНШТАЈН
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА