Aнгеловски: Горд сум на моите ракометари!

Ракометарите на Е. Пелистер со пораз го завршија настапот во Лигата на Шампионите, четиринаесетти неуспех во низа за македонскиот првак во 14. меч од елитното европско натпреварување откако битолчани вечерва загубија на гостувањето против Колстад со резултат 34-27.

Капитулацијата беше најавена со самата одлука на стручниот штаб за Норвешка да не патуваат најдобрите играчи на тимот, чувајќи ги за предизвиците што ги носи македонската Супер-лига.

Тренерот на пелистерци Бранислав Ангеловски по мечот изјави дека е горд на неговите момци.

„Честитки до Колштад за победата. Тие денес одиграа подобро од тоа што го анализиравме. Не бевме подготвени, со целосен ростер. Сепак, горд сум на моите момци. Игравме со млад тим, тим полн со македонски играчи. Тоа е иднината на нашиот ракомет, знаете дека кај нас тоа е спорт број еден. Се надевам дека секоја година ќе бидеме подобри, на клупско, но и репрезентативно ниво“, изјави Ангеловски.

 

Се вчитува...