Фудбалската репрезентација на Македонија утре (12 часот) ќе ги дознае противниците за новоформираното натпреварување, Лигата на нации на УЕФА. Селекторот Игор Ангеловски и спортскиот директор Саша Ќириќ се веќе во Лозана и ќе го очекуваат утрешното „мешање“ на топчињата.
Македонија во пресрет на извлекувањето е носител во групата Д, и треба да добие релативно полесни противници, односно селекции со послаб рејтинг. Селекторот Ангеловски напомена пред заминувањето дека можеби најнепосакувани селекции за нас се Ерменија и Косово. Утре напладне во Лозана ќе ги дознаеме противниците во групата, а ова натпреварување нуди можност и за настап на Европското првенство во 2020 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА