Ангеловски: На Пандев неправедно му ја одземаа можноста да присуствува на Суперкупот

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски, застана во заштита на Горан Пандев, нашиот најдобар фудбалер, кој беше именуван и за амбасадор на Суперкупот на Европа, а не доби можност да присуствува на мегаспектаклот во Скопје, поради недостиг на разбирање од италијанскиот калчолигаш Џенова и неговиот тренер Јуриќ. Тој едноставно не доби дозвола да допатува во Скопје.

„Сите ние уживавме во Суперкупот на УЕФА 2017. Но, на еден човек неправедно му беше одземена можноста да биде присутен и да го направи она што цел свет го очекуваше од него. Но, капитене, ти си најголемиот амбасадор што Р. Македонија го имала!“, напиша селекторот Игор Ангеловски на својот профил на Фејсбук.

angelovski za pandev

Се вчитува...