Ангеловски: На Пелистер во моментов не му треба квантитет, туку квалитет

Шампионот на Македонија Пелистер со денешниот работен состанок и прв тренинг означи почеток на сезоната 2023/24. Тренерот Александар Јовиќ, стручниот тим менаџер Звонко Шундовски и стручниот штаб ја одработија првата тренинг сесија во спортската сала „Боро Чурлевски“.

Новиот директор на клубот Бранислав Ангеловски вели дека нема да брзаат со засилувања бидејќи ќе се обидат да донесат квалитетни ракометари во Битола.

„Чест, задоволство и огромна одговорност е да се биде дел од овој наш познат македонски бренд. Се соочуваме со историски момент за нашиот клуб. За првпат играме во овој формат во Лигата на шампионите, кој е квалитетен како никогаш досега. Сигурно дека во тимот ќе дојдат уште неколку засилувања. Не сакаме да брзаме, бидејќи приоритет ни е квалитетот, а не бројноста. Не сакаме да дојдеме во ситуација во која ќе имаме повеќе бројност отколку квалитет, затоа што во овој тим има вистински шампиони, кои веќе го покажаа тоа неколку пати, и никако не сакаме да го успориме нивниот развој“, изјави Ангеловски. 

Се вчитува...